Нетфликс ги објави имињата на епизодите на Drive to Survive 5

Стриминг сервисот Нетфлик ги објави имињата на епизодите кои ја сочинуваат 5та сезона од популарната Drive to Survive.

1. The New Dawn

Епизода посветена на Шарл Леклер и неговиот веќе поранешен шеф, Матиа Биното како и силниот старт на Скудерија во првенството со пол позиција и победа на премиерата во Бахреин. Но, издржливоста и стратегијата ја уништија надежта до крајот на сезоната.

2. Bounce Back

Мерцедес загубија титула во последниот круг од последната трка во 2021 година, така што лани беа решени дасе осветат, но имаа претежок почеток согласно новите правил и многу проблеми. Потскокнувањето беше највидливо на нивниот В13 болид.

3. Like Father, Like Son

Фокусот е на Мик Шумахер и неговите први поени во Формула 1 на Британското Гранд При.

4. Matter Of Principal

Скудерија се мачеше со технички проблеми и очајна стратегија која ги уништи, а најдобар пример беше двојната промена во Монако која му ја одзема победата на Леклер.

5. Hot Seat

Епизодата број 5 е посветена на Серхио Перез и неговите маки со РБ18 болидот се до трката во Монако кога имаше судар на квалификации, но стартуваше пред Верстапен и на крајот победи.

6. Pardon My French

Тензијата помеѓу шпанецот Фернандо Алонсо и французинот Естебан Окон беше видлива неколку пати низ тимското радио во Алпин во текот на годината.

7. Nice Guys Finish Last

Маките на австралијанецот Даниел Рикардо во Мекларен во текот на годината кои кулминираа со меѓусебниот договор за прекин на соработката на крајот од сезоната.

8. Alpha Male

Пријателството помеѓу возачите на АлфаТаури, Пјер Гасли и Јуки Тсунода.

9. Over The Limit

Кулминацијата на сезоната во која се потврди дека Ред Бул претерано трошеле во 2021 година, незадоволството помеѓу фановите особено поради тоа што Макс ја освои својата прва титула во една таква сезона.

10. End Of The Road

Крајот на првенството во Абу Даби со посебен фокус на разочарувачкиот пакет на Мерцедес, но и крајот за Себастијан Фетел во спортот, како и Мик Шумахер и Даниел Рикардо, кои се надеваат дека ќе се вратат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ