Нетфликс го најави документарецот за Шумахер

Нетфликс го најави документарецот за Михаел Шумахер со објавување на трејлер за истиот. 

Шумахер треба да биде објавен на Нетфликс на 15 Септември каде ќе се разгледува успехот на Михаел Шумахер во Формула 1 и надвор од патеката. Филмот беше најавен во Јули, а сега се појави трејлер. 

Таму може да го видиме неговиот син и четирикратниот шампион Себастијан Фетел. Документарниот филм се појавува по огромниот успех на серијата Drive to Survive за која се снима четвртата сезона. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ