Нетфликс: Мерцедес и Ред Бул не побараа рестрикции на објавената содржина

Пол Мартин игра клучна улога како извршен продуцент на двете сезони од серијалот на Нетфликс, Drive To Survive.

Одговорниот во Нетфликс го должи успехот на документарецот за Формула на среќата и вели дека Мерцедес и Ред Бул никогаш не побарале “болните“ моменти да не бидат вклучени во епизодите.

ГОЛЕМ ДЕЛ ОД СЕРИЈАЛОТ е поради СРЕЌА – ВЕЛИ ПОЛ.

На пример, за време на првата трка во 2018 година, тие ја следеа екипата на Хаас. На трката во Австралија, Роман Гросжан и Кевин Магнусен мораа да се откажат иако беа на високи позиции, 4то и 5то место, поради грешки во боксовите при менување на пневматици. Трансферот на Рикардо од Ред Бул во Рено овозможи уште повеќе интересни моменти.

Имаше момент во првата сезона кога искрено мислев дека Даниел Рикардо ќе остане во Ред Бул. Помнам кога добив повик од неговиот менаџер, “само да ти кажам, ќе биде објавено дека преминуваме во Рено“. Тоа драматично ја промени целата сезона.

Во Германија се разбудивме во Недела наутро и врнеше обилен дожд. Начинот на кој се одвиваше трката, не верувам дека ниту ние, ниту Мерцедес очекуваа дека ќе бидат главен дел од таква епизода. Но во исто време, во ниту еден момент немав разговор со некој од Мерцедес да се отстранат тие снимки од епизодата – додаде Пол.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ