Нетфликс повторно со свој филм поврзан со Формула 1

Љубовта помеѓу Нетфликс и Формула 1 продолжува и сега излезе информација дека најголемиот американски стриминг сервис прави филм со Џон Бојега и Роберт Де Ниро.

Иако кастингот е помалку чуден, сепак приказната е како поранешен Формула 1 возач станува возач кој учествува во кражба. Продукцијата не открива многу детали, но се верува дека се работи за млад Формула 1 возач кој мора да учествува во кражба за да го спаси своето семејство. 

Нетфликс не открива повеќе детали и се надева дека ова ќе привлече интерес за фановите низ целиот свет. 

Режисер ќе биде Џерард МекМари додека улогите, како што кажавме, им припаѓаат на Џон Бојега и Роберт Де Ниро. 

Ова не е прв пат моторспортот да е дел од приказната во Холивуд откако веќе имаше доста успех за филмови како Гран При, Ноќите на Таладега, Рики Боби и слични. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ