Нетфликс ја сними агонијата на Мерцедес

Формула 1 светот со нетрпение чека да ја види реакцијата на Тото Волф и тимот на Мерцедес за време на трката во Хокенхајм. Тие имаа посебни облеки и шари на болидот за да обележат 125 годишнина од моторспортот.

Документарниот тим на Нетфликс ја снимаше екипата на нивната домашна трка каде тие преживејаа катастрофа.

Ова е доказ дека не треба да се шегуваме со работите. Треба да се концентрираме на работата. Го имавме целиот тим на Нетфликс со нас.

Не сме суеверни но веруваме во карма. Можеби бевме дезориентирани и не работевме нормално. На крајот научивме од тоа – објанси волф по трката.

Овој викенд и Хамилтон имаше здравствени проблеми.

НИкогаш не ми било полошо. Ова само кажува колку е важно здравјето.

Во еден момент тој барал да го повлече болидот.

Не може Луис. Секогаш има вакви можности.

Волф го оправда Хамилтон откако тој бараше да се повлече.

Луис не беше здрав во текот на викендот, но даде се од себе. Многумина мислеа дека не треба да е во болидот.

По трката тој реши да се повлече и целосно да заздрави до трката во Унгарија.

Ги откажав сите закажани работи и се враќам дома. Ако не сум во болидот најмногу ќе ми помогне. Не ми е добро овие денови.

Но за разлика од Хамилтон, Себастијан Фетел гледа предизвик по оваа трка.

Минатата година Хокенхајм беше почетокот на крајот. Оваа година ова е моментот на оживувањето.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ