Нетфликс ќе ги снима Меклaрен и Ред Бул во Австрија

Екипите на Нетфликс ќе работат на снимање на Меклaрен и Ред Бул за време на првата трка од овогодинешниот календар која ќе се вози на австриски Ред Бул Ринг.

Трката ќе се вози без публика со силно ограничен број на персонал од екипите кои може да биде присутен на патеката, но Нетфликс доби право да има две мали екипи во падокот како подготовка за третата сезона на Drive to Survive серијата.

Со цел да се ограничи евентуалното ширење на Ковид-19, екипите добија право да носат персонал од само 80 луѓе на патеката и да создадт одреден меур, односно немешање на персоналот од различни екипи. Екипите од Нетфликс се дел од алоцираните 80 луѓе по екипа на двете екипи и немаат право на мешање со останатите.

Екипа од двајца луѓе ќе ги снима Мекларен, додека дополнителна камера ќе биде насочена кон Ред Бул за нивната домашна трка. Нетфликс веќе имаат снимки од периодот на карантин, нешто што Џорџ Расел го откри за време на своите Виртуелни трки.

Ограничен персонал ќе има и помеѓу луѓето задолжени за телевизискиот пренос, кој овој пат ќе биде клучен поради празните трибини, но и единствен начин да се следи настанот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ