Не е се така црно, Формула 1 доби нов спонзор

Формула 1 сезоната ќе почне за време на првиот викенд во Јули со Австриското Гранд При, а во спортот конечно има и добра вест во облик на нов спонзор, компанијата Ликви Моли (Liqui Moly).

Се работи за германски бренд за производство на производи за одржување на автомобилот, а во моторспортот се присутни долго време, но повеќе на регионално ниво. Согласно новиот договор за тригодишна соработка со Формула 1, брендот ќе биде видлив на 11 места во врвната тркачка серија.

пресреќни сме што можеме да објавиме нова соработка што значи поголема вредност за формула 1. нетрпеливи сме да го вклучиме брендот во уште поголема соработка во иднина – изјави бен пикус, директор за комерцијални односи во спортот.

Задоволен од новиот почеток е и Ернст Прост, Главниот извршен директор на Ликви Моли.

уникатната целна група во формула 1 е совршена за ликви моли за да се засили брендот како врвен производител на масла што е силен сигнал преку поврзаноста со спортот. тоа ни помага да останеме повидливи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ