Не можеме да си го дозволиме Фетел, вели Марко

Советникот за моторспорт на Ред Бул, доктор Хелмут Марко, вели дека во тимот нема место за Себастијан Фетел крај Макс Верстапен следната година затоа што финансиските апетити на германецот го прават враќањето во Милтон Кинс невозможно.

Според доктор Марко, Себастијан не е тема за разговор во Милтон Кинс иако донесе четири титули за нив од 2010 година до 2013 година по што замина во Маранело.

Во својата изјава за Sky Germany од почетокот на годинава Марко најави дека е многу тешко остварливо Себ да се врати кај нив од едноставни финансиски причини, односно неможност да се исполнат неговите финансиски барања. Иако од тогаш ситуацијата се промени и Фетел и теоретски стана слободен, ставот на Хелмут не е променет.

мојата изјава е иста, а таа е дека не сакаме да си го дозволиме финансиски, а и да сакаме не можеме тоа да го оствариме – вели марко.

Искусниот австриец не смета дека изјавата на Себ во која вели дека парите не биле никаква тема во преговорите била искрена сметајќи дека и намалената плата која ја добил како понуда од Маранело е поголема од максимумот што Ред Бул може да му го исплати.

износот кој ферари му го понуди и она што алекс албон го заработува кај нас се два различни света.

сепак, јас секогаш останав во контакт со него и тој знае дека во моментов макс е возач број еден кај нас, а политиката е таква што не дозволуваме две ѕвезди во иста екипа. за нас фетел е затворена тема.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ