Не можеме повеќе од 4то, смета Сеидл

Шефот на Мекларен, Андреас Сеидл, цели да продолжи со преродбата на тиммот сезонава, но не смета дека имаат реални шанси за топ 3 пласман кај конструкторите.

Некогаш моќниот Мекларен беше на 9то место кај конструкторите од 10 тимови на гридот во 2017 година, последна сезоан одработена со јапонците од Хонда. Следуваше трансфер кон Рено по што формата им се врати, а лани беа импресивни и завршија како најдобри од останатите.

Сеидл наајви дека тимот сака годинава да бидат еднакво добри, а секако дека целат на подобрувања во сите сегменти, но свесен е дека заостатокот е преголем за да се занемари.

мораме да продолжиме со позитивната серија која ја започнавме лани, а во исто време сакаме дополнителен напредок сезонава, но не во однос на поредокот. очекувам жестока борба за 4то место како и лани, а тоа е и најмногу што можеме да постигнеме со оглед на балансот на моќта во моментов и пред се буџетите.

сеуште имаме слаби страни на кои треба да работиме и мораме да покажеме дека тие области ги развиваме и токму тоа е најважна задача за 2020 година – изјави андреас за германски Auto Motor and Sport

Спортскиот и техничкиот правилник претрпе ситни промени сезонава, но она за што екипите се подготвуваат е 2021 година кога треба да има силна промена на правилата како и буџетско ограничувиање како обид да се намалат разликите помеѓу екипите. Сепак, Сеидл не сака да ја жртвува оваа сезона за да почне порано со подготовки за 2021 година.

јасно ми е каков ќе биде балансот на моќта оваа сезона, но потоа се префрлуваме на 2021 година и голема промена.

врвните екипи сеуште ќе имаат поголеми буџети, повеќе ресурси и луѓе нарасполагање, но тие прават подобра работа од нас, така ќе биде и годинава, но за 2021 не се знае.

ако го анализираме ограничувањето на трошењето, ние сме на вистинско ниво во моментов. сопствениците ни ставија јасно до знаење дека сакаат да работиме со тој износ што е одличен сигнал за тимот затоа што сме свесни дека го имаме тоа што нитреба за да сме на врвот.

по стартот на новит еправила ќе треба време буџетското ограничување да “легне“ и поради тоа очекувам подиуми и победи дури од 2023 година.

Запрашан што ја држи врвната тројка при врвот, тој одговори:

подобра инфраструктура, подобри процведури, методи и процеси, поголема ефикасност и самодоверба во своите перформанси без при тоа да се мине во ароганција. врвните екипи на секоја патека испорачуваат врвни перформанси, под секакви услови затоа што имаат брзи болиди кои не се толку чувствтелни не одредени промени.

како и многу други и за нас од средината на поредокот, има конфиграции кои се одлични, но ако има влијанија кои не ни одговараат, одеднаш сме на опашката од средината на поредокот.

прво ни треба повеќе потисна сила и помала чувствителност на надворешноста. потисната сила мора да биде достапна без разлика на сетирањето, да биде динамичка на сите типови на кривини. во моментов имаме флуктуации, а заостатокот во однос на најдобрите флуктуриа од половина до цела скунда.

Германскиот шеф ги потврди коментарите на Главниот извршен директор на компанијата, Зек Браун, дека тимот конечно има одлични возачи во Саинз и Норис кои може да го вратат на победничките патеки.

од тоа што го гледам од двајцата до сега, убеден сум дека имаат огромен потенцијал. важно е да им дадеме болид со кој ќе може да раснат со нас. покажаа дека се гладни за победи и во моментов нема никаква причина да се сомневаме во нив.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ