Не постои клаузула за предврмен раскин на договорот на Гасли

Доктор Хелмут Марко, Советникот за моторспорт на Ред Бул, посочи дека нема клаузула во договорот со Пјер Гасли според кој возачот би можел да замине од АлфаТаури на крајот од оваа тркачка сезона.

Договорните обврски на французинот кон тимот од Фаенца траат до крајот на следната година, но 26-годишникот редовно се споменува како кандидат за колега на Есебан Окон во Алпин. Сепак, Марко ги отфрли шпекулациите за заминување на неговиот возач.

не постои клаузула во договорот на гасли според која тој би си заминал пред време, немаше такво нешто ни пред летната пауза, а нема да има ни до крајот на сезоната – дециден е доктор мако.

Пјер ќе остане со тимот и следната година, но задоволен е што неговото име се става во комбинација со други екипи.

задоволен сум што читам дека некои екипи ме сакаат кај нив. по само една година во формула 1 добив промоција во ред бул што беше одлична можност за мене затоа што тие видоа голем потенцијал во мене.

кога сега се присетувам по пет години во спортот, дефинитивно сум поцелосен возач, имам големо искуство, ефикасно работам со тимот, знам точно што сакам од мојот болид, а информациите кои ги давам се јасни. константно учам и напредувам – смета гасли.

За жал, сезоната на французинот не е добра поради перформансите на АТ03 болидот на тимот и до сега има само три пласмани во поени. Неговите перформанси и резутати се далеку од ланското ниво, а тој знае и зошто:

едноставно е, има две причини. првата е поврзана со слабите квалификации кои ги имаме, сегмент во кој бевме одлични лани. бев константно во к3 минатата сезона, во к2 користев само еден сет гуми за дам инам понатаму, но годинава не сме доволно конкурентни во сабота така што проблемите се отсликуваат на трка.

втората е поврзана со чекорот во однос на нашите директни конкуренти како алпин, алфа ромео и хаас. лани бевме на врвот од средината на поредокот, но годинаван е е така.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ