Никита Мазепин ги тужи Хаас во Швајцарија

Русинот Никита Мазепин откри дека поднел тужба против Формула 1 тимот Хаас за неисплатени плати пред швајцарскиот суд.

Рускиот возач се одлучи да поведе правна постапка минатиот месец, по неговото отстранување од тимот и отстранувањето неговиот спонзор, Уралкали, поради инвазијата над Украина.

Она за што зборувам е дека договорните обврски не беа исполнети – потврди 23-годишниот Мазепин.

Тој сега изјави за руската владина спортска телевизија Меч ТВ:

Моето лично сослушување е во тек. Веќе ја избравме Швајцарија бидејќи тоа е местото каде што е потпишан договорот. Адвокатите ги пополнија сите документи и барањето беше поднесено на разгледување.

Ако ме повикаат, ќе учествувам, но мислам дека тоа нема да се случи – вели Мазепин, чиј татко Дмитриј е сопственик на руската компанија за ѓубрива Уралкали.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ