Ники Лауда е Личност на годината според ФИА

Починатиот Ники Лауда беше прогласен за Личност на годината, награда која ФИА традиционално ја доделува на гала вечерта на која се доделуваат признанијата по завршетокот на тркачката сезона.

Трикратниот Формула 1 првак кој имаше клучна улога во создавањето на шампионскиот Мерцедес, по долго боледување поина годинава во пресрет на Големата награда на Монако.

Признанието Потег на годината му припадна на Макс Верстапен за неговата спектакуларна борба со Шарл Леклер на трката во Силверстон, поточно моментот кога беше претекнат на кривината Клуб, а потоа од надвор си ја врати позицијата.

Наградата Дебитант на годината му припадна на возачот на Торо Росо и Ред Бул, Александер Албон, додека промотерите на Мексиканското Гранд При повторно ја имаа организирано најдобрата трка во календарот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ