Нико: Луис има три опции за догодина

Поранешниот Формула 1 првак, Нико Розберг, смета дека неговиот колега од Мерцедес, Луис Хамилтон, има три опции, да потпише нов договор со Мерцедес, да направи трансфер во Ферари или да одмара и да се откаже од спортот.

Лани беа актуелни пишувањата за трансфер на Хамилтон во Ферари откако британецот призна дека неколку пати се сретнал со Претседателот на Ферари. Но, италијанците се решија на долгорочна соработка со Шарл Леклер, Ред Бул се обврзаа на долгорочна основа со Макс Верстапен, така што логично е шескратниот првак да остане во Бракли.

Запрашан да ја прокоментира ситуацијата на својот поранешен колега, Розберг за германски RTL изјави:

можеби луис ужива во колорадо или е во мерцедес или ферари. по мене тоа се трите негови опции. тешко ми е да размислувам како него затоа што има постигнато толку многу работи во кариерата. мислам дека перформансите на неговиот болид ќе бидат пресудни дали и колку долго тој ќе остане во спортот – смета нико.

Сезонава Хамилтон “брка“ рекордна седума шампионска титула во конкуренција на возачи што би го ставило на исто ниво со Михаел Шумахер. Но, има неколку млади возачи кои секако дека ќе го намачат годинава.

верстапен е сензационален и секогаш е убаво да се гледа како се трка, а без него трките би биле дефинитивно поздодевни. тој е огромен талент и веројатно најбрз возач во спортот, а веројатно годинава ќе добие болид да се бори за титула откако лани импресионираше и со послаб болид ги држеше ферари зад себе.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ