Нико повторно го победи Луис, овој пат во Екстрим Е првенството

Нико Розберг и неговиот Розберг Икс Рејсинг слават титула во првото издание на Екстрим Е тркачката серија, откако го победија тимот на Луис Хамилтон воборбата за насловот.

Крајот на сезоната во новооснованата серија имаше многу сличности со Формула 1 сезоната годинава, а двете екипи имаа шанси за наслов.

Возачите на Хамилтон, редовниот учесник на Дакар, Кристина Гутиерез и деветкратниот ВРЦ шампион, Себастијан Леб, победија во Дорсет, така што со ист број на поени со тимот на Нико ја завршија сезоата. Сепак, екипата на Розберг имаше повеќе победи на трки сезоната и освои титула со австралискиот рели првак Моли Тејлор и реликрос шампионот Јохан Кристоферсон.

многу сум горд на тимот кој се тркаше на најдалечните локации во светот, оваа титула ќе ја памтам. возачите беа извонредни цела сезона, цела екипа работеше напорно за титула и завршија феноменална работа. им благодарам на сите партнери и неверојатни фанови, ова го направивме заедно – напиша нико на твитер.

Серијата беше претставена на почетокот оваа година, тандемот возачи се состои од претставници од двата пала, а во календарот беа Саудиска Арабија, Сенегал, Гренланд, Италија и Британија како за крај.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ