Нико си постави цел за сезонава

Нико Хулкенберг се враќа на Формула 1 гридот претсојнава сезона и веднаш си постави цел за постигнување.

Германецот нема постојано место од 2019 година кога последен пат возеше за фабричкиот Рено, но го загуби местото од Естебан Окон. Додека беше отсутен од гридот одработе пет Гранд При трки за Рејсинг Поинт односно Форс Индија менувајќи возачи кои беа позитивни на корона вирус. Последната трка му беше лани на Џеда во Саудиска Арабија кога заврши на 12то место.

За оваа година, тој ќе го замени својот сонародник, Мик Шумахер во американски Хаас откако шефот на тимот, Гунтер Стаинер, посочи дека Хулк повеќе ќе му одговара на тимот.

две години вооошто немав притисок поради тоа што не возев и уживав во животот надвор од формула 1. иако има предности, релаксиран сте, но одеднаш таа желба за враќање на гридот и враќање на тркањето силно с враќа.

на крајот на денот екипите се тие кои носат одлуки кои возач го сакаат во својот тим, оној кој сметаа дека ќе им донесе најсилни резултати и перформанси. веројатно хаас ја анализирале мојата кариера и статистики и донеле своја одлука од која секако дека сум задоволен – посочи хулкенберг.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ