Нирбургринг се надеваат на трка со публика

Официјалните лица во Нирбургринг се надеваат дека нивното Ајфелско Гранд При во вториот дел од сезоната ќе може да биде следено од гледачи на трибините.

Патеката дојде во корона календарот пред две недели, а Мирко Маркфорт, шефот на автодромот, се надева дека нема да биде уште една трка без публика.

Германската моторспорт федерација најави дека одобрува пубика од 5 илјади гледачи да присуствуа на трка со класични автомобили на Нирбургринг месецот поради користење на софистициран систем на хигиена и концепт на заштита.

Маркфорт призна за германски Sudwestrundfunk дека се надева дека ќе има гедачи и на Гранд При трката иако Монца неделава објави дека и нивната тра ќе биде без публика.

целта е да имаме гледачи и многу скоро ќе почнеме да дискутираме за различни концепти со властите – откри маркфорт.

Проблем за организацијата може да биде и Октомвриската клима во Ајфелскиот регион која во тој дел од годината едвај стигнува над 8 степени целзиусови.

не бадијала тој регион во германија го викаме сибир. може да очекуваме се, а ако биде 20 степени, значи имаме многу среќа затоа што вообичаено е многу ладно. сигурен сум дека времето ќе биде мнгу важно, нема да ме чуди ако врне, но како и да е нетрпелив сум да се тркам таму – вели себастијан фетел.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ