Нисани добива нова шанса, овој пат во Бахреин

Тест возачот на Вилијамс, Рој Нисани, ќе добие нова можност да вози Формула 1 болид во Петок откако тимот ќе му даде шанса за тоа во Бахреин, а по крајот на сезоната ќе се појави и на тестот за млади возачи во Абу Даби.

Израелецот два пати сезонава возеше во Петок откако доби шанса за тоа во Шпанија и во Италија како дел од договорот со неговите спонзори. Третото појавување ќе биде на првото Бахреинско Гранд При на вообичаената конфигурација од патеката, а потоа ќе вози и во Абу Даби.

Мекларен веќе најавија дека нема да користат млади возачи и нема да тестираат во Абу Даби, но Вилијамс потврди деке ќе користи двајца малдинци и е тестира со два болиди како последна можност за возење сезонава.

Нисани и Аиткен ги исполнуваат критериумите затоа што немаат Гранд При трка зад себе, а максимумот се две.

по петочната тренинг сесија со тимот годинава нетрпелив сум да го надоградам моето искуство со вилијамс и да имам уште кругови. иако нема да можеме да тестираме многу со оглед на програмата која треба да се почитуваме, секогаш има работи кои треба да се научат и ќе биде убав начин за крај на сезоната – вели аиткен.

тестот во абу даби е уште една одлична можност за мене да се развијам и запознаам со болидот. спротивно од тренинг сесија, тестот ни дава многу повеќе време и километри за да сетираме и да се прилагодиме – дополни нисани.

Тестот за дебитанти во Абу Даби го менува она што претходно беше тест за гумите во кои екипите имаа можност да ги пробуваат новите Пирели.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ