Новиот Вилијамс нема огромни промени

Вилијамс решија нивниот овогодишен ФВ43 болид да нема фундаментални промени и покрај потешкотиите кои ги имаат минатата тркачка сезона. Екипата од Гроув се надева дека тукушто претставениот болид ќе им донесе подобра сезона отколку во 2019 година која ја завршија убедливо на последно место.

Наместо да подготвуваат целосно нов болид, во Гроув решиле да се фокусираат на областите на стариот болид кои сметале дека може да се подобрат и да се извлечат дополнителни перформанси.

особено внимание беше посветено на разбирање на ланските проблеми со фв42 болидот и внимателно одбравме кои делови на болидот да ги развиеме за да добиеме најмногу придобивки и перформанси со ресурсите со кои располагаме.

концептот на новиот ф43 е продолжен развој на фв42 болидот без фубдаментални промени во изгледот и филозофијата. најважен индикатор дека сме на вистински пат е нивото на корелација помеѓу тунелот кој го користиме при дизајнот и податоците од тестирањето.

многу се развивме во воздушниот тунел и најдобме значителни подобрувања во однос на ефикасноста на ладењето. екипата ги реши ланските механички проблеми кои вклучува сопирачки и намалување на тжината на болидот. секаде иамме напредок и ќе следува повеќе како што ќе одминува сезоната  – најави даг мекирнан, директорот за дизајн на тимот.

Адам Каретер, новиот главен инженер на екипата, дополни дека правилен пристап е тоа што му било дозволено на тимот да се фокусира на областите каде се сметало дека може да се добие најголем напредок.

одлуката да се задржи архитектурата на фв42 значи дека ќе инвестираме помалку ресурси во развој на нови концепти што ќе ни се врати со подобра оптимизација на пакетот и компонентите. со зачувуање на некои клучни параметри ни се дозволи да прекинување на нивен развој и насочување поефикасно на ресурсите.

како што се доближува предсезонскиот тест и сезоната, најважно е да напредуваме споредено со конкурнтите и да ја засилиме издржливоста.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ