Новиот договор на Леклер го надминува и Шумахер

Ферари ги појаснија своите намери неделава, откако потпишаа нов договор со Шарл Леклер кој ќе биде во водечка улога во новата декада.

Возачот од Монако веќе имаше долгорочен договор и потпиша со Ферари до 2022 година, но новиот договор ќе го задржи во Маранело до 2025 година. Такви петгодишни договори се реткост во спортот кој познат по краткорочна соработка од сезона до сезона.

Големината на инвестицијата е значителна земајќи предвид дека и легендарниот Михаел Шумахер никогаш не потпиша договор со Скудерија со времетраење подолго од 3 години. Corriere dello Sport известува дека платата на Леклер е зголемена на 9 милиони евра, со што се намалува разликата со Фетел, но четирикратниот шампион има многу поголема плата по сезона.

Леклер го заслужи новиот договор по спектакуларна деби сезона во Ферари. Возачот стигна до седум пол позиции, повеќе од било кој друг возач на гридот, како и две победи во Белгија и Италија, со што ја прекина сушата на Ферари во Монца по пауза од 9 години. Леклер се пласираше пред Фетел во пласманот кај возачите на крајот од првенството.

Продолжувањето на договорот исто така стигна сред шпекулации дека Луис Хамилтон би можел да биде негов тимски колега во 2021 година. Биното изјави дека Ферари сака искусен возач покрај Леклер кога ќе започнат новите правила во 2021 година, а Фетел и Хамилтон одговараат на улогата, но останува да се види дали германецот ќе ги убеди Ферари да го задржат во тимот. Според Биното, таа одлука ќе биде донесена следната година околу Шпанското Гранд При.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ