Новиот Конкорд договор ќе почека

Главниот извршен директор на Формула 1, Чејс Кери, откри дека новиот Конкорд договор во моментов е ставен на мирување и преговорите околу истиот ќе почекаат.

Конкорд договорот е всушност документот кој го уредува финансискиот дел во однос  на распределбата на приходите од трките, актуелниот е со важност до крајот на оваа сезона, така што во пресрет на 2021 година, спортот реално ќе нема таквов документ.

Сепак, во моментов Формула 1 има многу поголеми проблем од Договорот поради откажувањето на првите 10 трки од сезоната и неизвесноста околу евентуален почеток на истата.

бевме во завршна фаза на завршување на конкорд договорот пред да избие пандемијата, но одлучивме таа активност да ја ставиме во мирување во моментов за да се насочиме целосно кон приоритетите кои ги носи оваа тркачка сезона.

Како што напредуваме во врска со овогодишниот календар и ги финализираме одлуките околу правилата, ќе се вратиме кон Конкорд договорот за да го решиме и тоа прашање кое за сега е отворено – најави кери.

Американецот потврди дека не треба ништо ново да се потпишува за да се продолжи овогодинешниот календар и следната година, односно не треба никакви нови договори.

реалноста е дека штом дојдеме до 2021 година ќе седнеме на маса со фиа околу конкорд договорот за да ги дефинираме правилатак ои ќе се применуваат во однос на структурата која ќе ја поставиме и поради тоа не треба во моментов да потпишуваме никакви анекси на договори.

можеме слободно да условиме дека ако се тркаме ќе важат такви правила, но секако дека екипите прво мора да се согласат со тоа што ќе го понудиме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ