Новиот Мекларен МЦЛ34 пристигна

Мекларен го откри својот МЦЛ34 болид со кој планира да се трка претстојнава 2019 година во својето седиште во Вокинг.

Болидот продолжува да биде обоен со папаја портокаловата боја од лани, но има и поголемо присуство на плава боја, додека највидлово се поставени новите спонзори Естрела Галициа 0.0, Хаски, повратниците од Петробрас и Дел, како и снабдувачот со мотори Рено.

Екипата има и целосно нов тандем возачи во Карлос Саинз, ланскиот пилот на Рено и дебитантот Ландо Норис кои ќе ги менуваат Фернандо Алонсо и Стофел Вандорн кој возеа за тимот лани.

По очајно лошите три години минати со Хонда, Мекларен со МЦЛ34 сака да фати приклучок кон врвот од средината. Лани тие завршија на 6то место во конструкторскиот поредок, што беше исто како и една година со Хонда, но Форс Индија односно Рејсинг Поинт останаа без поени кон средина од сезоната.

Тимот се реши да ги поправи проблемите со промени во челните позиции во персоналот, замина тркачкиот директор Ерик Булие, а дојде Жил де Феран. Се очекува пристигнувањето на Џејмс Кеј како технички директор на тимот, но и на поранешниот шeф на Порше Андреас Сеидл.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ