Новиот Мерцедес ќе има посилен турбо полнач

Медиумите шпекулираат дека Мерцедес нашле дополнителна моќ од својот мотор преку нов турбо полнач, односно надоградена и подобрена верзија од оној кој веќе го користат.

Италијанскиот дел од motorsport.com пренесува дека актуелните конструкторски прваци ќе имаат нов турбо полнач претсојната сезона кој ќе го подобри целосниот дизајн на нивниот мотор. Од фабриката велат дека новината ќе ги подобри квалитетите и 6-цилиндарскиот мотор и хибридното полнење на батериите што во крајна цел стратешки многу ќе им помогне.

Новото Е10 гориво кое ФИА го пропиша за Формула 1 од претсојнава сезона ќе се состои од мешавина каде 10% ќе биде биолошка компонента, односно од обновлив извор. Во падокот уште од лани се зборува дека таквата мешавина ќе донесе губиток на одредено количество моќ која до лани ја испорачувал моторот, но Мерцедес се сигурни дека го надоместиле дефицитот од 20 коњски сили кои наводно новото гориво ги одзема. И Ферари неодамна открија дека го надоместиле загубеното.

За прв пат во турбо хибридната ера која е на сила од 2014 година, се покажа дека моторот на Мерцедес не е издржлив, што придонесе Валтери Ботас и Луис Хамилтон да користат повеќе мотори од предвиденото и тоа да им носи казни кон крајот на сезоната.

“Сребрените стрели“ веќе објавија дека во Петок на 18 Февруари ќе го промоцираат својот болид.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ