Новиот Ферари во чест на Жил Вилнев ?

Пред утрешната промоција на болидот на Скудерија Ферари за претстојнава сезона, италијанските медиуми пренесуваат дека истиот ќе оддаде почит на доцните 1970-ти години и раните 1980-ти години од минатиот век.

Според Il Corriere della Sera, италијанците повторно одбраа да го обојат болидот со мат финиш за да заштедат на тежина, но истиот годинава ќе биде во потемна нијанса за да се отстранат негодувањата дека болидот “удира“ накај портокалово, нешто што беше случај лани. Весникот дополнува и дека болидот ќе има некаков ретро изглед преку фонтот со кој ќе бидат напишани броевите на болидот.

Дебелите бели броеви на возачите треба да имаат белa линија од околу со што ќе се оддаде почит на генерацијата на Џоди Шектер и Жил Вилнев кои имале такви броеви на болидите. Италијанците посочуват дека ќе се оддаде почит на “незаборавната 27ца на Жил Вилнев“.

Весниците во Италија исто така на големо пишуваат дека болидот ќе се вика СФ1000 во чест на 1000та Гранд При трка на тимот годинава.

Фабиано Вандоне, стручен технички консултант на Sky Italia, најави големо еродинамички промени.

ферари ќе има големи промени на болидот од аеродинамичка гледна точка. концептот на лесна аеродинамика е задржан, но работат на зголемување на потисокот затоа што тоа беше клучен недостаток за нив минатата година.

кога ферари работеа во правила насока, да речеме од септември, со зголемување на потисокот, болидот веднаш доби засилени перформанси, не само на квалификации, туку и на трка.

цел н биното за претсојната сезона е точно тој аеродинамички дел, потисок во гумите за побрзо да се загреат и да се подобри ритмот на трка, но во исто време и да се намали потрошувачкат на гуми.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ