Новиот Ф1 тим чека новости во Декември

Потенцијалните кандидати за влез во Формула 1 ќе мора да почекаат до Декември кога се очекува челниците на тркачката серија да одлучат дали ќе примаат нови екипи во спортот.

Неодамна Формула 2 сопственикот на тим, Андриан Кампос заедно со својот деловен партнер Салваторе Гандолфо, открија дека засилено работат на нов тим со седиште во Шпанија. Тие открија дека веќе имале состаноци со Чејс Кери и Рос Браун, ангажирале поранешни инженери, имаат намера да го земат Паскал Верлејн за возач и во моментов работат на детална анализа на новите правила.

на 4 декември во формула 1 сакаат да донесат одлука во врска со нови екипи. засега може само да се поднесуваат апликации и јас ги знам само условите за тоа. исто е и за производителите на мотори. разговаравме со рено и хонда и сите нетрпеливо чекаат информација. единствено по одлуката на формула 1 можеме да кажеме дали има смисла за нас учество во спортот – изјави гандолфо за швајцарски Blick.

Со ограничувањето на трошоците и промена во дистрибуцијата на приходите, тие веруваат дека може да бидат конкурентни со буџет од околу 80 милиони евра годишно.

ќе морам да соберам уште 20 милиони за да склопам буџет од 100 милиони, тоа е реална опција и интересен бизнис. со буџет помеѓу 100 и 110 милиони евра може да се склопи силен болид како што покажаа хаас.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ