Новиот Хаас ќе дебитира на 19 Февруари

Тимот на Хаас во нивната петта сезона ќе го промовира новиот болид пред предсезонскиот тест во Барселона во Шпанија.

Хаас беше првата екипа која го откри дизајнот минатата година, но овојпат ќе почекаме до 19 Февруари за да го видиме ВФ-20 и нивните нови бои. Болидот ќе биде промовиран во 8 часот наутро по локално време, 15 минути пред Алфа Ромео, кои исто така ќе го промовираат новиот болид на истиот датум.

Болидот на Хаас ќе биде откриен од истиот возачки тандем, Кевин Магнусен и Роман Гросжан. Американците ја започнаа минатата сезона со големи очекувања по предсезонскиот тест, но болидот се докажа како непостојан и развојот сред сезоната не помогна многу, по што екипата ја заврши истото на 9то место.

ВФ-19 беше обоен во црна и златна боја поради новиот спознор Рич Енерџи, но откако договорот беше раскинат во Септември, Хаас се очекува да се вратат на првобитната боја, односно црвена, бела и сива.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ