Новите гуми во Ф2 може да идентификуваат многу проблеми

Јуниорската Формула 2 тркачка серија треба сезонава да ја комплетира со 18-инчни тркала кои во врвната моторспорт Формула 1 треба да се користат година подоцна, односно од 2021 година. Марио Исола., шефот на Пирели моторспорт, верува дека промената кај јуниорите може да им помогне да идентификуват потенцијални промени пред врвот на моторспортот да почне да ги користи поголемите пневматици.

Формула 2 ќе има тридневен предсезонски тест со цел да се пробаат новите гуми во пресрет на отворањето на сезоната во Бахреин на 21 Март годинава.

формула 2 е поинаква, вообичаено правиме различни производи за таа серија од неколку причини како нивото на перформанси, фактот дека не користат греачки за гумите и така натаму. сепак, промената таму е добар начин да се предвидат потенцијалните промени кои може да ги имаме во формула 1 во 2021 година. јасно е дека цела сезона со 18-инчни тркала во формула 2 одличен начин да се приберат податоци и подобро да се разберат гумите.

развојниот план за формула 2 е доста концентриран затоа што почнуваме во март или април и го завршуваме производот во декември, така што се е густо и збиено, но и многу позитивно.

во однос на перформансите 18-инчните тркала се слични со 13-инчните, тоа е добар резултат затоа што никој не сака побавни побавни болиди поради гуимите. можеби на почеокот ќе биде потребно време за соодветно да се сетираат, но општото очекување е дека нема да има побавни болиди.

тоа е добро и при формула 1 анализата затоа што болидот во формула 2 ќе остане исти, единствено ќе се променат гумите – појасни исола.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ