Новото крило на Астон не штети на тркањето

Од Астон Мартин тврдат дека податоците од нивните симулации кои исто така биле доставени и до ФИА, а во врска со радикалниот дизајн на нивното задно крило, покажуваат дека истото не оди контра правилата за подобро тркање.

Тимот од Силверстон предизвика бура од реакции со своето ново задно крило на Унгарското Гранд При, уникатно решение во поставувањето на задните странични делови. Концептот секако дека преходно беше одобрен од страна на техничкиот персонал на ФИА, но и покрај тоа, екипите се сомневаа во легалноста и посочија дека дизајнот омже да донесе поинаков тек на воздухот зад болидо и со тоа да го уништи она за што се стремеа новите правила.

Инженерот одговорен за перформанси на тимот, Том Мекулох, откри дека ФИА биле задоволни со нивниот концепт од регулаторна гледна точка на дизајнот, но и задоволни со тоа дека концептот немало да го уништи тркањето со протокот на воздух кој го генерира зад себе.

при дизајнот и тестот ние се погриживме се да биде во ред затоа што немавме намеа да кршиме никакви правила. ги покажавме симнулациите на фиа како доказ дека нема да создаваме воздух кој ќе го уништи тркањето зад нас. целата филозофија е во болидот како пакет, а задното крило е само мал дел – посочи мекулох.

Инженерот дополни дека Астон проверувале и тестирале неколку месеци, се консултирале со ФИА за да се осигураат дека идејата им е целосно легална, пред воопшто да помислат на производство.

поминаа месеци од првичната подготовка и разбирање на дизајнот, производство на модел и консултации со фиа. дојдовме до точка кога отстранивме некои неправилности, техничкиот оддел на федерацијата се согласи дека дизајнот е во согласнот со сите правила и прописи и потоа одлучивме да го направиме и донесеме на патеката. ни требаа неколку месеци од првата идеја до одобрување од фиа.

штом теоретски добивме одобрување, го произведовме делот и ги дадовме сите дизајни пред трката. фиа повторно позитивно се изразија и се тркавме со новото крило.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ