Нов хотел на Силверстон за следната трка

Историскиот Силверстон долго време се смета за патека која заостанува со инфраструктурата во однос на модерните Формула 1 автодромо, а со новиот договор биртанците сериозно се зафатија со работа.

Фановите и тимовите се ограничени во својот избор на хотели во Нортхамптон, град кој е повеќе од 20 километри од патеката, така што нов, голем хотел ќе биде изграден крај патеката, нешто што беше поздравено од многу инволвирани страни.

Хилтон Хотелс е групацијата која ќе го отвори својот Гарден Инн на време за следното издание на Британското Гранд При. Хотелот на пет катови ќе има 197 соби со поглед на стартната рамнина и со мост ќе биде поврзан до актуелниот Силверстон Винг конференцискиот центар. Хотелот ќе има тераса на покривот од каде ќе се гледа речиси целиот автодром, ресторант и кафе барови. Компаијата планира отелот да работи цела година, а не само за време на настани на патеката.

Сопствениците на автодромот заедно со организаторите и промотерите од една страна и Либери Медиа од друга, постигнаа договор за организирање на Формула 1 трка на легендарната патека до 20243 година.

во моментов имаме наши хилтон готели на многу спортски објекти во велика бритаија како вембли стадионо, олд трафорд стадионот, стадинот за крикет во саутемнптон и други. среќни сме што ќе можеме да отворима гарден ин на толку значајно место и сакаме да им посакаме добредојде на гостите следната година – велат од хилтон.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ