Норис: Бевме добри затоа што не “летнавме во облаци“

Ландо Норис смета дека Мекларен искористиле многу затоа што останале присебни по одличните резлтати сезонава, не летнале во облаци и продолжиле да работат.

По разочарувачките сезони во турбо хибридната ера и очајните три години со Хонда, екипата од Вокинг ја имаше најдобрата сезона од 2012 година и финишираа како најдобри од останатите на 4то место во конструкторскиот поредок, победуваји ја фабричката екипа на Рено.

Екипата имаше нов менаџмент предводен од шефот на тимот, Андреас Сеидл, а нови беа и двајцата возачи, Саинз и Норис, кои импресионираа годинава.

Екипата имаше навика д претерува со целите последните неколку сезони, но годинава имаа приземен пристап, нешто што според Норис на крајот им се исплатело.

мислам дека една од најголемите работи кои се променија е тоа што едноставно иамвме свеж почеток, буквално “од нула“. двајца нови возали, многу нови луѓе во екипата и нов менаџер кој дојде.

имаше многу промени во тимот кои некако освежија се, но исто така порди лошат ланска сезона, имавме добра причина да не бидеме преголеми оптимисти и да не се занесуваме како порано.

секогаш во пресрет на трката во абу даби сите беа претерано возбудени околу тоа колку силен би бил мекларен следната сезона затоа што се изјавуваа многу работи со кои луѓето стекнува преголем оптимизам. сеонава не го направивме тоа и очигледно ни се исплатеше.

сите работеа напорно во текот на зимата, а потоа почнавме да тестираме и бевме многу задоволни со тоа како мина тестот. потоа, како минуваа трките, почнавме да се менуваме се повеќе и да бидеме се посилни.

имаше многу клучни работи, но двајца нови возачи, нов менаџмент и нови луѓе секаде, тоа ги склопи коцките и направи многу добра средина за возачите и сите во екипата – смета норис.

И покрај тоа што е свесен дека сезоната била над очекувањата, Норис останува приземен за следната година и смета дека Мекларен треба да се подобри во многу области пред да биде во позиција сериозно даги предизвика водечките три екипи.

мислам дека тоа каде бевме лани и каде завршивме годинава зборува само за себе. контрастот на таа споредба е доста голем и мислам дека саимот доста кажува. имаше многу добри работи сезонава, но секако дека има уште куп работи кои треба да ги подобриме.

мислам дека можеме слободно да бидеме среќни, но има уште многу пред да можеме да се тркаме со ред бул, ферари и мерцедес. можеме да сме среќни и задоволни, но не претерано да се занесуваме во пресрет на следната сезона.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ