Норис ги поддржа промените во Мекларен

Ландо Норис ги поддржа промените во техничката структура на екипата сметајќи дека шефовите понекогаш мора да носат ладнокрвни одлуки.

Ревизијата спроведена од тимскиот шеф, Андреа Стела и Главниот извршен директор, Зек Браун, доведоа до отпуштање на техничкиот шеф Џејмс Кеј и поставување на нова структура составена од Питер Продроmu, Давид Санчез и Нил Хадли. Норис посочи дека има цеосна верба во шефовите Стела и Браун и ја поддржа нивната одлука за промени со цел да се напредува.

како возач за тимот кој е силно засегат од овие промени, морам да кажам дека имам целосна доверба во луѓето кои го водат тимот, зек и андреа. верувам дека ја прават вистинската работа.

знам дека андреа е нов на својата позиција, но од кусото време колку што е шеф на тимот, знам дека нема огромно искуство, но знам и дека ја направил вистинската работа.

многу силно сум импресиониран од андреа како и многумина во падокот, имам огромна верба во него и мислам дека е фантастичен. верувам во промените кои се спроведени и го делам истото мисење како и моите шефови.

јасно е дека не завршивме доволно добра работа како тим кој треба да напредува и да се бори за победи и титули. не сме на нивото на кое сакаме да бидеме и ни требаат промени за да стигнеме до тоа.

Сепак, тој призна дека не е лесн о да се донесат такви крупни одлуки како на пример заминувањето на Џејмс Кеј.

благодарен сум што јас не сум во таква позиција да носам такви одлуки затоа што тоа е многу тешка работа. но, знам дека тие одлуки мора да се донесат, тоа е рбаота на зек и на шефоците.

на крајот на денот ова е бизнис и треба да се мисли на тоа што е најдобро за тимот, за компанијата, иако можеби не изгледа најдобро. треба да се биде ладнокрвен, промени има во секоја екипа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ