Норис горд на својот најдобар резултат

Ландо Норис од Мекларен е горд што можел да испорача подиум и најбрз круг на трката во последната обиколка по Ред Бул Ринг.

Британецот стартуваше од 3то место по силните квалификации, но и казната на Луис Хамилтон, а се мачеше зад себе да ги задржи Чеко Перез од Рејсинг Поинт и Ферарито на Шарл Леклер.

пресреќен сум. бев среќен и вчера, а денеска докажавме дека не се преценивме на квалификациите туку максимизиравме се што ни се укажа и дојдовме до подобар резултат одошто очекувавме.

мислевме дека ферари и рејсинг поинт се доста посилни од нас и дека ќе не минат на трка, така и беше, но како што се развиваше трката, не престанувавме да притискаме – објасни норис по трката.

Младиот возач е свесен дека трката можела да има целосно различен тек за него доколку не успеал да се врати во игра откако на почетокот на трката губеше позиции.

одлично е кога се има конкурентен болид и може да се борите, многу сум среќен затоа што знам дека можеше трката да биде целосно различна за мене. за малку ќе паднев на 6то место откако лекер ме мина, но беше надолнина пред мене, возев прешироко, но се задржав.

знаев дека болидот има ритам, се сконценрирав и работев да го минам перез кој беше многу агресивен, а морав и јас. успеав да го победам хамилтон со фантастичниот послдеден круг, мислам дека имаше 5,8 секунди предност претпоследниот круг, а завршив на 4,8 секунди зад него.

ако не успеав да комплетирам најбрз круг на трката, на што сум горд, немаше да дојдам до подиум. големо благодарам на тимот, веројатно се повторувам, но пресреќен сум.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ