Норис е оптимист по добриот втор тренинг

Ландо Норис верува дека Мекларен направиле добар напредок со надградбите во Баку, откако успеа да прикаже напредок на тренингот во Мајами.

Дефинитивно сме малку подобри од очекуваното. Надградбите од Баку ни помогнаа, Но ова е петок и мора полека да одиме напред и да не се занесуваме.

Среќен сум бидејќи имам подобар баланс на болидот. Со мали промени, успеавме да сме понапред, Но имаме некои делови од патеката каде се мачиме и целта е да стигнеме до К3 на квалификациите – посочи младиот британец.

Норис беше еден од првите возачи кои променија на софт гуми на вториот тренинг и беше 6 десетинки побрз од било кој на медиум гуми, Но брзо беше престасан од другите со црвени гуми. 

Бев некое време на врвот и многу се надевав. Имав доста добри кругови, Имавме план од почетокот и се држевме до него и поради тоа сум среќен. Подобри сме од очекуваното. 

Но, Норис не знае што да очекува од патеката која доби нов асфалт. 

Во однос на грип, речиси и го немаше, Но мислам дека е се подобро. Утрото беше потешко и мислев дека е како минатата година. Доколку си надвор од линијата ќе завршиш во ѕид. Ќе биде тешко утре. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ