Норис загрижен за својот мотор

Ландо Норис го заврши вториот тренинг во Петок со 5то најбрзо време, но заглави во гаражата на крајот од сесијата поради проблеми со моторот, така што остана загрижен во однос на агрегатот за остатокот од тркачкиот викенд.

Британецот се паркираше во гаражата на само 5 минути пред крајот од сесијата поради некаков проблем со испораката на моќ и објасни дека не е сигурен за што се работи. Проблемите дојдоа на крај на ветувачки ден за тимот по многу лошото издание во Мајами.

имавме пристојно добар ден и убаво е што се вративме на оваа неверојатна патека, нема да лажам. беше тешко со неколку допири до оградата, нема ништо полошо за вашиот круг од тоа.

ритамот изгледаше добро и позитивно, направивме добар напредок од првиот до вториот тренинг со сетирањето и дефинитивно добивам повеќе верба во болиот што е многу важно овдека – посочи младиот британец.

“Портокаловите“ никако не успеваа да дојдат до топ 10 на сесиите во Мајами каде имаа разочарувачка трка, но во Монако се далеку подобри.

не велам дека перформансите се изненадување за нас затоа што очекувавме да бидеме брзи овдека и да бидеме поблиску до конкуренцијата. патеката е најкуса во календарот, нема долги правци што е додбро за нас и секогаш сме биле брзи тука последните неколку години.

болидот механички работи одлично, добар баланс иаме на асредните и бавни кривини, делот кај базенот го минуваме со самодоверба под полна гас и тоа е одлично.

се обидуваме да се прилагодиме на бавните кривини уште повеќе, но тешко е. има една линија над која не смееме да одиме за да не претераме и мораме да најдеме одличен оптимум во средината.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ