Норис имал оштетен болид на квалификациите во Шпанија

Ландо Норис откри дека тоа што не успеал да извади се од болидот во последниот квалификациски сегмент на Шпанското Гранд При било поради тоа што неговиот болид бил оштетен.

Младиот британец имаше силен старт на сезоната и во моментов е на 4то место кај возачите со подиум од Имола, но квалификациите на последната трка му беа лоши и неговото К2 време беше побрзо од она во последниот сегмент.

не мислам дека моите квалификации се лоши. првите два сегменти секогаш ми се многу добри, а последниот не секогаш е идеален. К3 секогаш ми е чекор назад, но секогаш постои причина и објаснување за тоа.

не дека не можам да склопам соодветно добри кругови последните 12 минути, на пример, во шпанија имав оштетен болид, на имола малку излетав, во португалија прерано тргнав и заглавив зад еден астон мартин.

во првите два сегменти секогаш ми оди подобро и треба таа самодоверба да ја пренесам и на к3 – свесен е норис.

Оштетувањето во Шпанија било проблем со кој се појавил при првиот круг со стари гуми.

прешироко минав помеѓу 8та и 9та кривина на гуми што не беа многу нови и тоа ме чинеше многу.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ