Норис има листа на работи кои треба да се подобрат

Ландо Норис откри дека има листа на области кои треба да се подобрат во пресрет на неговата втора сезона со Мекларен оваа година. Неговото деби првенство со портокаловите  покажа одлични перформанси и искусно возење, а во Бахреин и Австрија беше и на чело од средината на поредокот. Со доза на лоша среќа кон крајот на сезоната освои 47 поени и загуби од својот колега, Карлос Саинз кој заврши како најдобар од останатите.

Главното што треба да се подобри според Ландо се неговото возење и учење повеќе околу болидот, нешто што смета дека е предност на Карлос Саинз.

мислам дека некои работи се повторува на тркачките викенди, како карлос наоѓа време на квалификациите и како се адаптира на условите на патеката, такви работи.

една од главните работи на кои ќе работам зимата е моет знаење за болидот, како работи, а не само како да го возам побрзо низ критивните и подоцна да кочам. сетирањето и сличнит еработи ќе бидат многу важни за откривање, затоа што ако пакетот работи подобро за мене и јас подобро ќе се адаптирам на него.

има некои работи и во моето возење кои треба да ги подобрам од трка на трка станувам некако подобар, но не се подобрувам доволно.

кога мислам за претсојната сезона, сакам да користам различни техники низ различни кривини на различни патеки. некои работи се повторуваат, некогаш повеќе знаете, некогаш не, а јас имам цела листа на работи кои треба да ги осознаам – појасни карлос.

Младиот британец дојде во Формула 1 како второпласниран Формула 2 возач од претходната година во целосно нова екипа опкружен со целосно нови луѓе. Тој смета дека лудата година го зближила и подобрила тимот во пресрет на 2020 година.

среќен сум од мојот напредок, напредокот на тимот и инженерите, начинот на кој работам со екипата и мислам дека сум во многу подобра позиција за следната година. не сме фокусирани само на возењето и работиме на работи надвор од патеката, се обидуваме да останеме каде што сме и во исто време да се подобриме.

формула 1 не е само игра за најбрзо возење, има многу работи кои се важни и треба фокус на многу различни области.

со добри и лоши и трки и се што се случи годинава се надевам дека следната година се ќе биде на своет место и ќе бидеме уште подобри.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ