Норис: Моторот на Мерцедес е подобар за Мекларен

Младиот возач на Мекларен, Ландо Норис, верува дека моторот на Мерцедес ќе биде подобар за Мекларен во наредната сезона. 

Во 2019 година, Мекларен најавија дека од 2021 година ќе се префрлат на Мерцедес агрегати откако освоија три титули при нивната претходна заедничка соработка која траеше помеѓу 1995 и 2014 година. 

Мекларен поминаа три сезони со Рено мотор откако решија да прекинат лошата соработка и очајниот период на користење на мотори од Хонда на крајот на 2017 година. Договорот со Мерцедес е валиден најрано до 2024 година. 

Иако Мекларен мораше да се откаже од своите токени за развој за новиот болид МЦЛ35, Норис не верувал дека новиот мотор ќе ги искомплицира работите наместо да ги зголеми перформансите. 

Мислам дека ќе имаме подобар пакет затоа што очекувам да имаме повеќе сила и издржливост. агрегатот е Подобро е сместен во болидот и има повеќе позитивни работи. Сигурно има и нешто негативно, но имавме одлични односи со Рено и сега не очекуваат нови работи.

Сигурен сум дека треба да разбереме некои работи на кои не сме навикнати, но нашите механичарии и инжинери ќе ги разберат. Направија добра работа со транзицијата. 

Мекларен е четвртиот тим кој ќе биде снабдуван со мотори од Мерцедес покрај Астон Мартин, фабричкиот Мерцедес и Вилијамс. Промената кај Мекларен доаѓа по најсилната сезона во последно време откако завршија на трета позиција кај конструкторите во 2020 година. Тимот имаше два подиума минатата  сезона и дури и Хамилтон изјави дека смета на победи од Мекларен. 

Норис зборуваше за тешкотиите да го разбере болидот МЦЛ35 од кој поголемиот дел ќе биде пренесен во МЦЛ35М. Тој се надева на повеќе перформанси. 

Со болидот имавме борба и позитивини и негативни работи на кои треба да се поработи. Се надевам дека ќе ги поправиме негативните работи и ќе бидеме побрзи. Тоа е добра работа.

Не е дека имаме одличен болид кој е бавен и не знаеме да работиме со него. Знаеме во која насока треба да работиме, Само е тешко да ги решиме работите.

Сите трошат многу пари и не е така лесно да се дознае зошто некои работи се такви и се работи за милиметри разлика. Работиме со фабриката и аеро одделот на тоа да го развиеме болидот – заврши ландо.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ