Норис немал никаков ритам на хард гумите

Ландо Норис не е целосно задоволен од Бразилското Гранд При и покрај тоа што неговиот колега стигна до подиум, но перформансите на британецот биле уништени од средната серија која ја комплетираше на белите хард гуми.

Доколку Норис ја следел стратегијата на софт-софт-медиум која Саинз го донесе од 20то место до подиум, веројатно ќе имаше многу подобар пласман, но не беше така. 20-годишникот имаше брза прва серија полна со борба во средината по која напредуваше во поени, но потоа промени на хард во 28от круг и ритамот му беше буквално катастрофален.

како екипа освоивме многу поени што беше наша цел, особено многу освои карлос кој од последен стигна до 3то место и тоа е фантастично за него.

знам дека имавме добра трка, делови беа фантастични, има позитивни и негативни работи, а најмногу “утнавме“ се средната серија која ја комплетиравме на хрд од кои немав буквално никаков ритам – кусо појасни ландо.

Типично за МЦЛ34 болидот од Вокинг оваа сезона е да се мачи со најтврдите гуми, а не беше исклучок нити Интерлагос.

не можев никако да ги натерам да проработат. беше тешка серија затоа што ритам немав никаков. мораме да го разбереме тоа затоа што секогаш кога менуваме на хард болидот драстино забавува.

За младиот биртанец клучно било второто безбедносно возило кое се појавило на патеката откако тој променил назад на медиум.

имав среќа со тоа безбедносно возило затоа што ми дозволи да надоместам позиции со медиум.

карлос на подиум, два болиди во поени е одлична награда за сите на патеката и во фабриката кои работеа заедно викендов.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ