Норис: Не го возам болидот како што сакам

Ландо Норис призна дека не го вози својот Мекларен МЦЛ60 болид како што тој сака за да извади максимум, иако од тимот посочија дека не претерува во своите намери.

Ландо немаше добри квалификации на Алберт Парк и ќе тргне од 13то место откако стигна само до средниот квалификациски сегмент, а не мина понатаму за три десетинки, колку што заостана зад Александер Албон, последниот кој мина во К1. Запрашан дли неговие грешки се поради болидот кој е тежок за возење или пак претерано се труди над можностите на пакетот, тој призна дека е комбинација од двете.

комбинација од двете. тешко е особено кога гридот е толку блиску и толку збиен. не сакам д асе помирам со 12то и 13то место, така што претерувам над можносите на болидот.

не го чувствувам ритамот кој сакам да го чувствувам и го немам знаењето за минување низ секоја кривина како што сакам, така што веројатно не возам на нивото на кое сакам. мцл60 е тежок болид за возење и лесно може да претерате со него.

кога тоа ќе се комбинира со фактот што сакам да извадам се и претерувам, тогаш грешам како денеска и поради тоа сум онаму каде што заслужувам да бидам – призна младиот британец.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ