Норис: Не можев подобро од 5то место

Ландо Норис призна дека извадил максимум од квалификациите за Мекларен денеска со 5то време на сесијата.

20-годишниот британец продолжи да покажува нагорен тренд во своите перформанси годинава и повторно беше подобар од Карлос Саинз кој ќе почне две места зад него. Местото број 5 за Ландо му носи старт веднаш зад Верстапен од Ред Бул и Леклер од Ферари.

Доколку се случи нешто непредвидено пред него, тој ќе биде во одлична позиција да го повтори подиумот од Австрија пред еден месец, но останува реален во врска со ритамот на својот болид.

не можев повеќе од 5то место и тоа е максимум на кој се надевав. не изгледав многу добро во првите два квалификациски сегменти, но на к3 “фатив“ добар ритам.

имав мали грешки во првиот дел од квалификациите и дури и излетав во к2 и малку го оштетив болидот, но одлично си ја вратив самодовербата.

петто место е подобро одошто мислев затоа што оставивме зад себе некои побрзи болиди, што ќе ни ја отежни многу работата утре. многу работи зависат од времето, утре ќе биде постудено што ќе ни одговара на сите нас кој почнуваме на софт на стартот.

ќе се обидам да си ја задржам позицијата. знам дека трката ќе биде интересна и возбудлива, иако ова не е воопшто лесна патека за возење, тоа сме го виделе во минатото.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ