Норис: Ни треба среќа за добар резултат

Ландо Норис призна дека Мекларен МЦЛ36 не е доволно добар, иако смета дека пакетот веројатно е најбавен болид на правците.

Младиот британец имаше лош викенд во Канада, се што направи беше погрешно и не стигна до поени. Возачот стартуваше од 14то место по проблем со моторот од квалификациите, но тимит погреши при двојанта промена на гуми и заврши едно место подоле од стартното.

болидот не е доволно добар. на моменти е силен и поради тоа бевме оптимисти во петок дека можеме да постигнеме добар пласман. но, кога заглавив зад вилијамс, сфатив дека тие се многу брзи на правците, веројатно најбрзи на гридот, а ние сме веројатно најбавни, така што невозможно е да ги престигнеме или да направиме било што – посочи норис.

Позитивна работа од Канадското Гранд При е што веројатно трката ќе го мотивира тимот.

не сме онаму каде што сакаме со болидот. ден како денешниот веројатно е добра работа за да видиме до каде сме и ни опкажа дека мораме силно да работиме и да пробуваме различни работи.

можеби некогаш работите изгледаат добро, но тоа не е ритам и брзина, тоа е повеќе среќа.

Трката во Монтреал беше прва по Мајами на која немаше портокалов болид во топ 10.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ