Норис: Новиот мотор на Ферари ни ја отежна работата

Ландо Норис изјави дека големата надградба на моторот на Ферари му ја отежнала борбата за третата позиција на неговиот тим, Мекларен.

Мекларен и Ферари се во блиска борба за третата позиција во конструкторскиот поредок, а во моментов разликата помеѓу нив изнесува само 7.5 поени. Ферари претстави надградба на моторот во Русија за Леклер и во Турција за Саинз. 

На некои трки се подобри каде ние требаше да сме подобри. Стануваат се посилни, посебно со новиот мотор. Доколку ја погледнеме Турција, не се само една или две десетинки, туку многу се пред нас.

Дефинитивно имаат конкурентен болид со конкурентен мотор. Ќе ни биде потешко да ги победиме до крајот на сезоната, но ќе се бориме до крај – откри младиот британец. 

Норис сепак се надева дека Мекларен ќе успее повеќе да напредува до крајот на сезоната. 

Дури и на последните трки се учат нови работи. Се пробуваат различни работи на болидот и се учи за наредната сезона.

Мислам дека има што да се научи. Учам како возач во тимот и за иднината. Не постои момент кога не се учи нови работи за болидот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ