Норис: Односот меѓу мене и Карлос му годи на Мекларен

Ландо Норис верува дека пласманот на 4то место кај конструкторите на Мекларен лани било можно поради одличниот однос помеѓу него и колегата Карлос Саинз. Тандемот беше далеку најинтересен и најзанимлив двоец на гридот сезонава.

Некои дури го обвинија Ландо дека не ја сфаќа Формула 1 доволно сериозно во својаа дебитантска сезона и додека тој открива дека е насочен да се подобри, сигурен е дека и одличниот и релаксиран однос со колегата му помогнале силно на тимот.

двајцата “играме“ на долг рок и ако двајцата сакаме да си ја оствариме целта, а тоа е да победуваме на трки и да освојуваме титули, најдобар начин е да работиме заедно. немаше да завршиме на 4то место како екипа годинава ако не работевме сложно како што работевме. голем дел од постигнатото се должи на заедничката работа и наоѓање начин да си помогнеме еден на друг, а со тоа и на тимот. во моментов тоа ни користи на секој начин и се надевам дека така ќе продолжи затоа што сакам да се забавувам и да уживам во тоа што го правам – објасни норис.

Трофејниот тимо од Вокинг се надева да продолжи со напредокот на гридот и следната година, а Ландо откри дека се обидуваат да ги решат проблемите при влезот во кривините кои ги имал ланскиот болид.

работите нема да бидат воопшто поинакви од лани, но болидот ќе биде целосно различен затоа што забележавме многу механички проблеми на ланскиот пакет.

не секогаш се дознаваат проблемите кои ги има секој тим во сезоната, но можам да откријам дека ние доста се мачевме на почетокот од годината. болидот беше нов и се обидовме да го разбереме колку што може повеќе.

годинешниот пакет треба да биде поадаптивен од ланскиот и работиме на сите области. исто така сакам да кажам дека повеќе верувам во своето возење затоа што ќе бидам втора година во спортот и ќе имам повеќе искуство.

речиси на секоја кривина лани имавм проблем, не беше само на некои, така што се мачевме. се обидуваме да работиме на тие недостатоци и добро е од она што го гледам, изгледа позитивно, насоката е испавна, но треба да видиме на патеката.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ