Норис очекувал повеќе тркање од топ возачите

Ландо Норис изјави дека очекувал повеќе од водечките Формула 1 возачи откако не ја заврши трката во првиот круг во Унгарија.

Норис имаше одличен старт од 6та позиција, но беше удрен од Ботас во зоната на сопирање во првиот свиок. Во инцидентот беше елиминиран Ботас додека Норис успеа да стигне до боксот иако неговиот болид не можеше да се поправи и тој не успеа да стартува од ново.

Сите ние сме во Формула 1 со посебна причина, бидејќи сме добри возачи и занаеме како да сопреме и да ги процениме зоните на сопирање посебно на мокро во првиот свиок и првиот круг.

ова беше комплетна лоша проценка. Тоа е лоша работа бидејќи се тркаме против најдобрите момци, Но тие често си возат свои трки и не се навикнати на гужва. Мислам дека немаат искуство со ова и мора да научат – смета ландо норис.

Младиот британец изјави дека Ботас му се извинил за инцидентот и е сигурен дека ќе добие казна. Стујардите веќе најавија дека ќе го разгледаат инцидентот.

Тој се извини. Секако нема ништо да промени, но ќе добие казна. Јас добив против Перез во Австрија откако го истуркав, а сега бев удрен и јас удрив притоа во Макс што е голем инцидент. Ова е опасно за повеќето момци. Тој заслужува казна.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ