Норис очекува жестока казна за Леклер

Ландо Норис од Мекларен беше блокиран во својот последен квалификациски круг од возачот на Ферари, Шарл Леклер, што го оневозможи да има подобра стартна позиција од 10то место.

За таквиот потег, домашниот возач е пријавен и ќе се појави пред стјуардите, а секако ќе биде повикан и Ландо кој беше во трка со времето откако механичарите едвај успејаа да му ја поправат оштетената суспензија од последниот К2 обид кога удри во оградата на Нувел шиканата. Тимот успеа да го оспособи, но му остана само малку време во последниот сегмент за да постави круг, а потоа истиот му го уништи Леклер.

Запрашан каква казна очекува за возачот на Ферари, британецот беше јасен дека назадувањето на Шарл нема да го унапреди него, поради што очекува построга казна.

не знам, дисквалификација или нешто слично. не знам какви се правилата за забавување на средина од тунелот, тоа не е до мене, јас не решавам за тоа – изјави незадоволниот норис за Sky Sports.

Ландо ќе тргне од 10то место по квалификациите, додека 3то место на Леклер е под истрага.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ