Норис очекува тешка трка во Недела

Мекларен имаат доста проблеми овој викенд на Марина Беј и Ландо Норис не може да се справи со надградбите кои ги донесе тимот. 

Младиот британец заврши на 19та позиција на тренингот додека Даниел Рикардо на 12то место и тоа без надградбите. Сепак, на квалификациите Норис обезбеди шеста позиција на гридот на неделната трка. 

Ландо имаше одличен круг и мислам дека надградбите си го завршија своето – изјави Џејмс Кеј, техничкиот шеф на екипата од вокинг.

Норис, сепак, има помешано мислење и се плаши дека брзо ќе ја загуби позицијата на трката.  

Беа добри квалификации, но тешки. Имаше моменти кога беше добро, но подоцна беше лошо, иако, сепак се исплатеше позицијата. Мислам дека ќе биде најтешката трка во мојата кариера. Ќе биде тешко да се престаса бидејќи има само едно место за тоа. Ќе биде тешко, предизвикувачки, но се надевам дека ќе освојам поени. 

Рикардо не беше во можност да дојде до добра позиција и ќе стартува од 17то место, односно претпоследниот ред од гридот.

Вчера се мачев и тоа не е спорно, Но денес имавме промени и различни временски услови. Мислам дека ова беше максимум.

Условите на патеката се променија и не можев ништо повеќе. Беше разочарувачки што ги завршив квалификациите во првиот дел, но тоа беше различен болид од последниот тренинг. Нешто недостасуваше. Многу ме чинеше и сум разочаран. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ