Норис: Подобрениот болид сеуште е далеку од конкурентите

Ландо Норис немаше лесен Петок на Сингапурското Гранд При по Марин Беј викендов откако доби подобрен болид за себе.

Тој забележа само 19то време при возењето долги серии со новите странични делови на МЦЛ36 болидот како дел од промените насочени да се дојде поблиску до лидерите. Даниел Рикардо немаше нови делови викендов и аврши на 12то место со секунда побрзо време од него.

Вториот тренинг беше поинаков, Ландо стигна до 11то место, додека Рикардо “падна“ на 18то со 1,2 секунди побавно време. Како и да е, тимот немаше добар ден иако целта е да се стигне Алпин на 4то место кај конструкторите на само 6 тркачки викенди до крајот на сезоната. Француската фабричка екипа во моментов има 18 поени предност пред Мекларен по добра серија резултати на последните трки.

изгледа ќе биде тешко затоа што заостануваме зад алфа ромео, а алпин се многу пред нас што е штета, но што е, тука е. ќе дадеме максимум од себе, ќе ги извлечеме сите перформанси од пакетот викендов и ќе продолжиме да притискаме. тоа е се што можеме да направиме до сега, така што е надеваме дека ситниците ќе не подобрат утре и ќе бидеме побрзи – најави норис.

Во врска со влијанието на новините кои екипата ги донесе викендов, Ландо смета дека се на слично ниво како и новините кои константно се носат годинава.

како што кажав претходно, не се работи за нови делови туку различен болид кој работи на слично ниво со претходниот. не очекувавме никаков спекакуларен напредок или пак да бидеме драстично побрзи. се надеваме дека овој болид ќе ни даде многу повеќе во иднина, не се работи за кус туку за долг рок.

поради тоа не сме изненадени, се е во ред, работиме согласно очекувањата и се обидуваме да научиме и да извлечеме колку што може повеќе перформанси.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ