Норис: Рикардо нема да биде десетинка побрз од Саинз

Ландо Норис откри дека не е загрижен околу брзината на својот нов колега, Даниел Рикардо, туку е возбуден во врска со можноста која ја добива да е трка против него.

Дани ќе го замени Карлос Саинз во Мекларен оваа и следната година и ќе биде репер, но и конкурент на 21-годишниот Ландо. Двајцата се познати по ведрината и симслата на хумор, но нема сомнеж дека ќе бидат жестоки конкуренти.

некако сум во непознато затоа што сум имал само еден колега во мојата формула 1 кариера и тешко е да кажам што можам да очекувам. го ценам карлос многу високо, исто како што го ценат и ферари и не сметам дека тркање против рикардо ќе биде нешто многу поразлично.

гледав дека многу пати карлос е подобар и побрз од рикардо, но и често кога даниел беше подобар и побрз од саинз.

двајцата се различни, но не верувам и не очекувам даниел да биде десетинка побрз од карлос. можеби ќе има поголема константнос и подобар фидбек, можеби ќе биде посилен на квалификации или во штедење на гуми, но секако разликата ќе бидат само во мали и ситни детали.

многу од разликите ќе бидат поради тоа што има поголемо искуство од различни екипи и од ред бул со кои победуваше на трки често. не можем да ја дочекам мојата можност да учам не некој таков и не сум воопшто загрижен – најави норис.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ