Норис: Рикардо ќе биде силен штом се прилагоди

Ландо Норис изјави дека не е претерано уверен во својата надмоќ која годинава ја демонстрира против колегата Даниел Рикардо.

Младиот британец освои 153 поени сезонава, доста повеќе од многу посиксуниот победник на трка од Австралија кој има 105 поени. Но, екипата е свесна дека голем дел од проблемите на Рикардо беа прилагодувањето на пакетот на тимот кој е целосно нов за него.

Откако беше сведок на победата на Дани на Италијанското Гранд При во Монца, Норис е свесен дека штом се прилагоди, неговиот колега ќе биде многу силен.

мислам дека сезонава беше одлична за мене и најмногу поради тоа уживав во екипата. секогаш постојат прашања како е да се споредам со возач како дани, дали би бил добар или не? овие прашања често си ги поставував годинава и сфатив дека можам против него, можам д го победам во исти болид, можам да му се спротиставам.

но, не се чувствувам дека одеднаш станав најдобар возач во светот. имаше трки каде тој беше доста побрз од мене и квалификации каде беше пред мене.

знам дека тој сеуште е даниел и штом се прилагоди и работите тргнат добро за него, тешко е биде да се победи, иако знам дека мжам. знам дека има огромно искуство, знам дека е многу, многу добар возач.

но, мојата самодоверба дефинитивно е засилена поради перформансите годинава, а не поради тоа што го победував даниел – посочи норис.

На Ландо му треба силен колега во моментов за да може да ги стигнат Ферари во конструкторскиот поредок и борбата за 3то место таму. Тимот од Вокинг заостанува 39,5 поени зад Скудерија на две трки пред крајот, а тоа е најголем заостаток кој го имаа зад италијанците сезонава.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ