Норис се извини за невкусните коментари

Ландо Норис, возачот на Мекларен, се извини за невкусните коментари насочени кон своите противници за време на Портгалското Гранд При викендов.

Младиот британец имаше контакт со Ленс Строл во борбата за позиција, контакт кој возачот на Рејсинг Поинт го изврте, а ја уништи и трката на Нотис. Строл беше казнет, Ландо не заврши во поени, а по крајот на трката изјави дека канаѓанецот не учи од грешките, алдирајќи случката од Петок кога на сличен начин и исто место имаше контакт со Макс Верстапен.

Младиот британец исто така имаше коментар за рекордната 92ра победа на Луис Хамилтон велејќи дека неговиот сонародник е во болид во кој би требало да победува на секоја трка, а конкуренција му се еден до двајц возачи.

Се чини дека Ландо бил нерасположен од фактот што трета трка по ред не успев да заврши, но се извини за своите коментари преку својот Твитер профил.

должам извинување.

бев глупав и невнимателен со некои работи кои ги кажав пред медиумите на интервјуата по трката и не покажав почит кон одредени луѓе.

јас не сум таков човек и знам дека треба да им се извинам на нив, но и на сите кои го прочитаа и слушнаа тоа. извинете – напиша норис.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ