Норис се пошегува: Повеќе сини знамиња за Макс

Ландо Норис се пошегува барајќи повеќе сини знамиња за Макс Верстапен бидејќи тој ќе го мразел тоа.

Мекларен на суво беше доста слаб се додека не се појави дождот со кој тие се вратија во игра и променија гуми на интермедиа.

Како што се мамали дождот при крајот на трката тие се забрзаа и влегоа во поени. Норис беше задоволен со брзината на влажно и во еден момент го стигна Верстапен на кој му беше покажано сино знаме за да биде престасан од Норис.

На крајот со интермедиа имав добро темпо. Мислам дека бевме и најбрзи на патеката. Побрзи и од Макс, сакав да му покажат сино знаме можеби за прв пат во животот. Се надевав дека ќе го престасам и знам дека го мрази тоа но беше забавно. Имав доста голема брзина на крајот.

Но Норис жали за одлуката на тимот кој одлучиле да продолжи на хард гуми бидејќи му кажале дека дождот нема да биде силен.

Грешка беше што продолжив на хард гуми бидејќи не очекувавме дожд, но можевме да почекаме неколку кругови. Загубивме 30 секунди или две до три позиции. Но има доста позитивни моменти од трката на влажно. На суво бевме очајни. Но на крајот се исплатеше бидејќи ризикот е на наша сметка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ